четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена во сообраќајка во Охрид

Жена тешко повредена во сообраќајка во Охрид

На 05.07.2021 во 07.00 часот било пријавено дека во Охрид, на крстосницата од ул.„Браќа македонски просветители“ со бул.„Туристичка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.И.(63) од Охрид и мопед „томос“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.В.(46) од с.Велгошти, охридско, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.В., констатирани во Болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.