На 17.12.2020 во 17.00 часот било пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(36) од с.Порој, тетовско, удрило во пешакот И.Ѓ.(33) од с.Јегуновце, тетовско, информираат од МВР.
Во незгодата, И.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.