вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена во тетовско, била удрена од автомобил

Жена тешко повредена во тетовско, била удрена од автомобил

Автомобил „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 30-годишниот С.И. од тетовска Волковија, удрило во 35-годишната Ц.Ј. од Брвеница.

Несреќата се случила утринава околу 07:30 часот во тетовското село Брвеница.

-Во несреќата Ц.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.