недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Жена удрена од автомобил на паркинг во Скопје, се здобила со тешки повреди

Жена удрена од автомобил на паркинг во Скопје, се здобила со тешки повреди

На 24.11.2022 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје, патничко моторно возило „дачиа дастер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(43) од Скопје, удрило во В.Р.(76) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Р. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.