Вчера во 17,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Аминта Трети“ пред угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу Д.К.(20) од една страна и три лица од друга страна.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.