понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена (83) тешко повредена откако ја удрил автомобил

Жена (83) тешко повредена откако ја удрил автомобил

На 09.08.2023 во 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Московска“ во Скопје, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од с.Бардовци, скопско, удрило во С.Н.(83) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата С.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.