недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена, ја удрил 20 годишник со автомобил и избегал

Жена тешко повредена, ја удрил 20 годишник со автомобил и избегал

На 16.03.2023 во 10.05 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Бранислав Нушиќ“ патничко возило „нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(20) од Скопје удрило во пешакот Л.Ц.(80) од Скопје и го напуштило местото на несреќата, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.