четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена во Охрид, ја удрил автомобил

Жена тешко повредена во Охрид, ја удрил автомобил

На 05.09.2023 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од Б.С.(26), удрил во Р.Т.(84), двајцата од Охрид.

-Притоа, Р.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.