петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена во сообраќајка во Прилеп

Жена тешко повредена во сообраќајка во Прилеп

На 02.06.2023 во 11.35 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Гоце Делчев“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, управувано од И.К.(42) од с.Мало Коњари, прилепско и патничко возило „опел корса“, управувано од Т.С.(62), двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата сопатничката во возилото „опел“, Т.С.(61) од Прилеп, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.