На 28.12.2020 околу 03,30 часот во близина на село Пепелиште, А.И.(49) од село Муртино, струмичко управувајќи патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на железничката пруга Криволак – Неготино, информира МВР.
По незгодата на возачот А.И. и сопатникот М.И.(23) од село Муртино, струмичко, во Општа болница Кавадарци, им биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.