сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

И таа меѓу цела српска естрада: Еве која македонска пејачка присуствуваше на свадбата кај Данијела Кариќ (ФОТО)

И таа меѓу цела српска естрада: Еве која македонска пејачка присуствуваше на свадбата кај Данијела Кариќ (ФОТО)

Даниела Кариќ и Иван Милеусниќ вчераа се заколнаа на вечна љубов во Белград во храмот „Свети Сава“.

За разлика од другите парови, тие се венчаа во народни носии, а по црковната церемонија сите се упатија во ресторан каде беше и прославата.

Освен пријателите и роднините, на свадбата присуствуваа и јавни личности, меѓу кои Снежана Џакиќ, Драган Којиќ Кеба со сопругата, Мјерима Његомир, Ана Николиќ, Александра Пријовиќ со Филип Живојиновиќ, Мина Костиќ, Дара Бубамара и многу други.

„Ова за нив е посебен ден, јас од срце им посакувам се најубаво и да бидат среќни. Ние влеговме кога беше првиот свадебен танц, тоа ме потсети на нашата венчавка“ вели Пријовиќ.

Меѓутоа, меѓу гостите на свадбата кај Даниела се појави и македонската пејачка Елена Ристеска која неодамна сними дует со Данијела.

Таа на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од свадбата, а на младите им посака се најдобро.

Инаку, неодамна во една емисија Елена истакна дека сопругот на Даниела го запознала кога била во „Твоето лице звучи познато“ и отогаш се добри пријатели.