Во Домот на културата во Урошевац, Косово, вчера беше претставена изложба на македонски стрип автори, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права.
Од застапените македонски стрип мајсотри се претставија: Игор Јовчевски, азар Ангелков, Илко Стојановски, Оливер Цветковски, Васил Гаврилов, Дарко Богданов, Александар Цакоски, Славица Купенкова, Александра и Максим Ристески, Душица Димитровска, Катерина Тери Николовска, Мирко Бојаџиевски, како и младите стрип автори Анастасија Недељковска, Евгенија Трајковска, Ѓургица Варела, Ана Марија Стефаноска, Јана Бутеска, Мартина Величковска, Ангела Ајтовска, Елена Апостоловска и Софронија Шарламанов.
Како сценаристи на изложбата беа застапени Ване Трајков и Александар Стеванов.
На отворањето на изложбата присуствуваше Томе Трајков – културен работник и стрип промотор, а на покана од Здружението „Коприва“ од Урошевац. Тој информира дека учествувал во повеќе активности организирани од ова здружение.
-Со ова здружение имам повеќегодишни контакти и соработка, но навистина пријатно ме изненади повикот за конкретни активности и тоа на конкретна тема „стрип“. Инаку одамна имам контакти со стрип сцената на Косово и моите заложби беа на оваа територија да се анимираат младите кон светски познатата 9-та уметност, толку популарна кај постарите генерации, потенцира Трајков.
Воедно, Трајков во локалната гимназија во понеделникот одржал кратко предавање на тема „СТРИП-СУШТИНА, ИСТОРИЈА, РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ И НА ОВИЕ ПРОСТОРИ“. (МИА)