петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Neuron English 2021 летен камп за прв пат во Македонија

Neuron English 2021 летен камп за прв пат во Македонија

Брендот Neuron English е добро позната марка во неколку земји низ светот. Во Neuron English се вкрстуваат когнитивните јазични вештини, како и јазикот за да му овозможат на секое дете да научи англиски јазик. Ние користиме игри базирани на невронауката Неурон со помош на часови предводени од стручни професори, обучени за истите.

Се работи за еден вид летен камп, поразличен од летните кампови што се одржуваат во нашите земји. Neuron English за прв пат се воведува во Македонија, а истиот ќе се одржи во Скопје, во населбата Аеродром, почнувајќи од 21 јуни до 16 јули. Кампот трае 4 седмици,во кои децата добиваат часови од понеделник до четврток од 9 до 12 часот, а во петок имаат научна екскурзија поврзана со темата.

Деца на возраст од 6 до 14 години можат да учествуваат во кампот. Цената е 20 евра неделно, многу пониска во споредба со другите земји, за да може секој да земе учество и да се запознае со тоа што го нуди Neuron English кампотДецата според програмата на Кембриџ ги учат професори кои се стручно обучени за истата, професор Љупка Наскова Љубисављевиќ и професор Теодора Ингилизовска, кои за прв пат го воведуваат Неурон кампот во Македонија, со цел да им помогнат на децата во раната возраст полесно да го научат англискиот јазик.

Покрај учењето, децата добиваат дружење, социјализација, едукативни екскурзии, развој на логички и когнитивни вештини преку онлајн платформата за учење. Децата со овој летен камп добиваат сертификати директно од Велика Британија.

Neuron English Macedonia | Facebook е страницата на Neuron English во Македонија.