среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Во Струга одбележан Денот на македонскиот јазик

Во Струга одбележан Денот на македонскиот јазик

Со читање извадоци од дела на познати македонски творци денеска во Паркот на поезијата во Струга беше одбележан Денот на македонскиот јазик – 5 мај, во организација на националните установи „Струшки вечери на поезијата“ и центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Во рамките на програмата, како што соопшти СВП, биле прочитани фрагменти од книжевни дела што ја отсликуваат генезата и развојот на македонскиот јазик од почетоците до современиот миг.

– Во уметничка интерпретација на членовите на драмското студио „Миладин“ беа прочитани извадоци од делата на Кирил Пејчиновиќ, Јордан Хаџи Константинов Џинот, од Зборникот на браќата Миладиновци, од делата на Марко Цепенков, Крсте Мисирков, Ристо Крле, Славко Јаневски, Владо Малески, Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Светлана Христова Јоциќ…, соопшти СВП.

Во најавата, како што е наведено, било истакнато дека извадоците иако се фрагменти од некои од најзначајните дела напишани на македонски јазик, се само мал дел од богатото творештво.