21 издание на омилената манифестација во 21.век во исчекување на подобар живот.
Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, пред нас е 21.издание на Златна БУБАМАРА, кое е – задолжително. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено што ни преостанува е – добрата забава!, стои во соопштението.
Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС!
Затоа излезете од општествениот притвор и отворете порти за многу подобар живот!
Златна Бубамара ќе се одржи за прв пат во Вип арената Борис Трајковски на 22 февруари.
Ве очекуваме.
Патни трошоци не ви признаваме, а за се другоЧе разговараме. И да знаете – колку и да трае Че си седите!
Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 24, точно во 12:369 часот преку www.mktickets.mk и на други продажни места за кои дополнително ќе ве известиме, а кои се познати по продажба на билети.