недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Нетанјаху и неговото семејство на распит за корупција

Нетанјаху и неговото семејство на распит за корупција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговата сопруга Сара и нивниот син Јаир се на распит за наводна владина помош на најголемата израелска телекомуникациска компанија „Безек“.

Сослушувањето на Нетанјаху се спроведува во резиденцијата на премиерот во Ерусалим, а Сара и Јаир биле сослушани во полициската станица во градот Лод. Сара и Бенјамин Нетанјаху се сослушувани како обвинети, а нивниот син само сведочи, информира анонимен полициски извор.

Делото за корупција се однесува на усвојувањето одлуки кои го збогатиле „Безек“ за стотици милиони долари. Во замена за тоа, најпопуларниот информативен сајт на компанијата објавувал позитивни написи за Нетанјаху и неговото семејство.

Поранешниот советник за медиуми на израелскиот премиер Нир Хефец и поранешниот генерален директор на Министерството за комуникации Шломо Филбер потпишале договори да сведочат за обвинението за овој случај.

Нетанјаху категорично негира дека правел нешто погрешно, велејќи дека немал влијание врз одлуките кои се однесувале на „Безек“ и оти нив ги донела професионална комисија.

Од ноември 2014 до февруари 2017 Нетанјаху беше министер за комуникации.

Полицијата веќе препорача покренување обвинение за корупција против Нетанјаху во два други случаи. Сепак, одлуката мора да ја донесе израелскиот обвинител Авишаи Манделблит.