недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ахмети спротивно од Заев- тврди дека до Венецијанска комисија не е испратен целиот Закон за јазици

Ахмети спротивно од Заев- тврди дека до Венецијанска комисија не е испратен целиот Закон за јазици

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека до Венецијанската комисија за проверка се испратени само делови од Законот за јазици за кои се договорите со коалициониот партнер.

Ова Ахмети го изјави по вчерашните тврдења на Заев дека целиот закон е испратен до Венецијанската комисија.

– Испратен е само делот за кој се договоривме. Тоа се две прашања за кои се договоривме, банкнотите и хартиите од вредност, и аблемите на војската и полоцијата. Јас не знам зошто сето ова се политизира и станува медиумска тема кога е познато дека законот е договорен со коалиционите партнери и е усвоен со потребното мнозинство. Треба да се знае дека за поништување или укинување на еден закон потребно е бадинтерово мнозинство, рече Ахмети.

Најнови вести