четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бугарија ќе донира вакцини против Ковид-19 за Македонија

Бугарија ќе донира вакцини против Ковид-19 за Македонија

Владата на Бугарија усвои нацрт договор за донација на вакцини против Ковид-19, произведени од Фајзер-Бионтек на Република Македонија, јави бугарската новиснка агенција БТА.

Тоа е тристран договор помеѓу Република Бугарија, Република Македонија и Фајзер-Бионтек.

Исто така е усвоен Двостран договор за донација на вакцини против Ковид-19 помеѓу двете земји.

Договорите предвидуваат донација од 51.480 дози од вакцината Комирнати, како и дека сите расходи за достава на вакцините да бидат на товар на Република Македонија.

Најнови вести