четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

До крајот на месецов најавени 40.000 дози „Фајзер“ и „АстраЗенека“

До крајот на месецов најавени 40.000 дози „Фајзер“ и „АстраЗенека“
МИА

Во земјава продолжува вакцинацијата на здравствените работници со 3 000 вакцини набавени од Русија, како и ревакцинацијата со Фајзер што беа добиени преку Србија. До крајот на месецов се очекува да пристигнат и околу 40 000 дози од Фајзер и АстраЗенека, со што ќе стартува и масовната имунизацијата на населението.

Според проценките на министерот за здравство Венко Филипче, работници кои работат во ковид-центрите ќе бидат вакцинирани целосно во следните десетина денови. На ден се вакцинираат од 250 до 350 лица, во пунктот во Здравствениот дом – Скопје.

– Една од опциите беше да започнеме со вакцинација на постарите лица. Меѓутоа тоа што се случи во меѓувреме беше зголемување на бројот на пациенти на кои што им е потребна хоспитализација и ангажирање на дополнителен кадар од медицински сестри и лекари од други одделенија кои треба да работат со овие пациенти. Од 4000 илјади се зголеми бројот на здравствени работници кои сега ќе работат со ковид-пациенти и затоа донесовме одлука тие да бидат во првата приоритетна група, изјави министерот Филипче.

Во врска со вакцините на Фајзер, рече дека според најавата од комуникацијата што ја имаат сега станува збор за 20 000 вакцини кои треба да стигнат на крај на март, кога се очекуваат и меѓу 20 000 и 25 000 вакцини на компанијата Астра зенека.

Најнови вести