понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Експертите едногласни: Заев, Џафери и пратениците на ДУИ и на СДСМ не се над Деловникот

Според информациите кои струјат во јавноста, планот на СДСМ и Талат Џафери е на сила, преку кршење на Деловникот на Собранието, целосно игнорирајќи ги над 36.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, да го донесат неуставниот закон за јазици.
Експертите едногласни: Заев, Џафери и пратениците на ДУИ и на СДСМ не се над Деловникот

Премиерот Зоран Заев ја распродава државата и грубо сака да го крши Уставот, само за да му остане на нозе коалицијата со ДУИ.

Неуставниот закон за јазици е нешто кое Заев мисли дека мора да го “протурка“ на очиглед на целата македонска јавност. За да го донесе законот, кој му беше услов за да формира влада со албанските партии, Заев покажа дека е подготвен да направи се.

Продолжението на 32. собраниска седница, на која е третото читање на законот и над 35.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е закажана за денес во 13 часот.

Според информациите кои струјат во јавноста, планот на СДСМ и Талат Џафери е на сила, преку кршење на Деловникот на Собранието, целосно игнорирајќи ги над 36.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, да го донесат неуставниот закон за јазици.

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност да се повлече и да се дискутира бидејќи е неуставен и носи сериозен долгорочен ризик по кохезивноста во Македонија

Непочитувањето на законите ја урива демократијата во Република Македонија. Парламентарното насилство манифестирано со игнорирање и ограничување на правата на пратениците од опозицијата е осакатување на демократијата. Власта мора да се вразуми и да го почитува Деловникот. Законот за двојазичност треба да се повлече и да се дискутира бидејќи е неуставен, неприменлив и носи сериозен долгорочен ризик по кохезивноста во Македонија. Почитувањето на законите онаму каде што се носат е насушно потребно, за истите да имаат своја тежина. Законите донесени на незаконски начин се преседани кои во иднина може да станат правило, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Непочитувањето на собраниските процедури и евентуалното избегнување на амандманска расправа е на штета на Република Македонија. Владата на СДСМ само декларативно се грижи за демократијата, а во пракса работи спротивно, по принципот на тоталитарните режими. СДСМ ветуваше правна држава, а сега врши силен удар врз правото, во Собранието на Република Македонија. Хаосот кој го предизвикува СДСМ во законодавниот дом ќе предизвика сериозни штети на демократијата, но непочитувањето на деловникот и законите ќе предизвика реперкусии кон оној кој ќе ги прекрши, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Заев со своите постапки ја уништува Република Македонија. Заев во серија презема чекори кои водат кон разнебитување на идентитетот и на националните чувства. Патриотите кои се спротивставија на недемократските процеси во Собранието, беа неправедно притворени и со тоа се изврши силен удар врз демократијата во нашата земја. Политичкиот прогон мора да сопре. Беззаконието стана правило за постапување на власта предводена од СДСМ. Единствен начин за враќање на демократијата во Република Македонија, е судовите и институциите да се ослободат од канџите на власта и да работат по закон. Тоа значи и ослободување на патриотите кои што се обвинети во политички монтиран процес“.

Судовите, потенцираат од партијата, мораат да ги укинат сите незаконити одлуки, донесени надвор од пропишаните процедури, а нарачтелите и извршителите, соодветно да одговараат.

-Законитоста ќе се врати со заминување на владата на СДСМ, која врши терор врз слободите и правата, на сите граѓани. Власта својата неспособност да ги реши проблемите на граѓаните, ја покрива со закани, притвори и неосновани обвиненија на невини луѓе. Наместо да ги решава вистинските проблеми на граѓаните, СДСМ се обидува насила да донесе неуставен закон во незаконита процедура. Време е разумот да надвладее и наместо декларативна, да се даде вистинска предност на реформските приоритети.

Каракамишева: Ако Талат Џафери ги заобиколи поднесените амандмани, ќе се покрене кривична одговорност против него

(ФБ статус на универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска напишан на 11.03.2018)

АКО ТАЛАТ ГИ ЗАОБИКОЛИ ПОДНЕСЕНИТЕ АМАНДМАНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ, ЌЕ СЕ ПОКРЕНЕ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ПРОТИВ НЕГО

Целата смислена и скувана тактика за заобиколување на поднесените амандмани од страна на ВМРО-ДПМНЕ по однос на Законот за јазиците од страна на т.н. претседател на Собранието Талат Џафери, на ДУИ и на СДС, се базира на член 165 од Деловникот каде стои дека Претседателот на Собранието може расправата по предлогот на законот, амандманите и другите акти од надлежност на Собранието да ја заклучи, а за гласањето по истите да одлучи да ги помине без никаква расправа.

Каде е злоупотребата на Деловникот и на позицијата претседател на Собранието во овој конкретен случај?

Прво, злоупотребата е во неколку члена на Деловникот кои го уредуваат правото на претседателот на Републиката да стави вето на одреден закон, правото врз основа на неговите забелешки да се поднесат амандмани, што е суштинска цел на секое вето, како и правото на подносителот на амандманите да може да ја оствари процедурата на разгледување на амандманите така како што е пропишано во Деловникот.

Имено, во член 173, став 2 стои дека ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање и по повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.

Во член 164 од Деловникот стои дека во текот на третото читање Собранието расправа и одлучува само по членовите на кои се поднесени амандмани и одлучува за предлогот на законот во целина. Она што е клучно е дека претресот по амандманите се одвива во согласност со членот 153 на Деловникот.

Во членот 153 стои дека за секој амандман се води претрес и се гласа одделно. Ако на иста одредба од предлогот на законот се поднесени два или повеќе различни амандмани, за амандманите се гласа според редот по кој се поднесени.

Ако со некој од амандманите се предлага бришење на одделна одредба од предлогот на законот, прво се гласа за тој амандман и ако амандманот се усвои, не се гласа за другите амандмани на тој член. Ако на иста одредба се поднесени два или повеќе амандмани со слична содржина, на предлог на претседателот, работното тело може да одлучи по амандманите да се води единствен претрес, а да се гласа за секој амандман одделно. Подносителот на амандман може да го измени, дополни или повлече амандманот до завршувањето на претресот по амандманите на членот на кој тој поднел амандман.

Ова значи дека ако Талат одлучи да се повика само на член 165 и без расправа го стави на гласање Законот за јазиците, тој ги крши посочените одредби од Деловникот, за што ќе мора да понесе одговорност, бидејќи несомнено ја злоупотребува својата службена положба и овластување како претседател на Собранието и се става над Деловникот на Собранието на РМ. Неговата одговорност е директно поврзана и со ставањето на европско знаменце на закон што не се усогласува со европски правила, регулативи, директиви, поради што законот се најде на разгледување во нематично работно тело, што значи повторно прекршување на Деловникот на Собранието од страна на т.н. претседател.

Талат, пратениците на ДУИ и на СДС не се над Деловникот и во овој случај ќе мора да има конкретна кривична одговорност поради грубо прекршување на највисокиот акт за работа на Собранието!

Заев ја свитка кичмата на државата, прифаќа промена на името и географска одредница

Законот за јазици не е единствениот начин на кој Заев ја распродава нашата држава.

Подготвени сме за географска одредница, изјави вечерва на прес-конференција македонскиот премиер Зоран Заев посочувајќи дека прашање за спорот за името што Македонија го има со Грција е суштествено и оти треба да се даде шанса низ преговорите да се изнајде решение.

– Сакам нашите граѓани да знаат и граѓаните од соседна Грција да знаат, но сакам навистина да успееме во преговарачкиот процес, и затоа е секогаш тука дозата на внимателност. Да му дадеме шанса на успехот, но притоа ќе кажам: ние сме подготвени за географска одредница и до тука ќе застанам затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во изнаоѓање на решение, изјави Заев на заедничката прес – конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Заев всушност го направи она што одамна го најавуваше. Тој ја свитка кичмата во преговорите за името. Иако неколку години по оваа дадена изјава, се обидуваше да ги изманипулира граѓаните и да каже дека “не мислел баш така“, сега спроведе на дело. Но, Македонија не ја свитка кичмата сама, туку лично Заев ја свитка кичмата на нашата земја.

Заев јасно даде на знаење дека на СДСМ не му доликува да биде патриотска партија.

-Се обидовме во неколку наврати да играме на политики на патриотизмот како партија на која што не ни приликува таа политика. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса секако за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изигруваме патриоти, ние сме државотворната партија, ние сме партијата која што беше пример за мултиетничкиот соживот, ние сме партијата која што ја стави на стабилни нозе оваа наша земја така што обидувајќи се на ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти ќе ги набројам неколку Законот за бранители, Струга, Кичево многу варијанти не ни приличат на нас социјалдемократите. Луѓето очекуваат ние да биде кохезивниот фактор, сплотувачкиот фактор во оваа земја, рече Заев уште во 2013-та година во емисијата „Патот кон…“.

Штетниот договор со Бугарија, преименувањето на аеродромот и автопатот, менување на македонската историја, рушење на споменици…. Зоран Заев и неговата влада речиси секојдевно удираат по грбот на македонскиот народ и Македонија.

Најнови вести