четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Харадинај утре во посета на Македонија

Харадинај утре во посета на Македонија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре ќе престојува во прва официјална посета на Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на Храдинај, тој освен средбата со својот домаќин, македонскиот премиер Зоран Заев, ќе биде примен и од други високи македонски личности.

– Премиерите Харадинај и Заев ќе разговараат за пријателските меѓусосодски односи, а ќе го дефинираат и датумот на одржување на заедничката седница на владите на двете земји, се наведува во соопштението.

Косовските медиуми наведуваат дека истиот ден во Скопје ќе прстојува високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Македонскиот премиер Заев на 12 декември престојуваше во Косово, каде домаќинот Харадинај го пречека со највисоки државни почести.

МИА

Најнови вести