Комисијата за заразни болести го прифати барањето на Кризниот штаб на Тетово новата учебна година во средните училишта во Полошкиот регион да почне онлајн поради состојбата со пандемијата со Ковид-19.
Министерот за здравств Венко Филипче на прес-конференција во Тетово со градоначалничката Теута Арифи, рече дека наставата во средните училишта на 1 септември ќе почне онлјан и така ќе се одвива две недели, а како ќе се одвива понатаму ќе зависи од развојот на состојбата.
Наставата во основните училишта, пак, на 1 септемри ќе почне со физичко присуство.