вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата предлага забрана за дочек на Нова година на плоштадите

Комисијата предлага забрана за дочек на Нова година на плоштадите

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе нов пакет рестриктивни мерки кои ќе важат од 18 декември до 21 јануари.

-Во претстојниот период Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците. Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, а ќе им препорача и хотелите да ги затворат своите ресторани по 21 часот, се вели во соопштението.

Во однос на верските празници, Комисијата за заразни болести укажува на тоа дека на сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

Предлог на Комисијата е да се забранат секакви прослави во рамките на работните организации.

Најнови вести