среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата предложи учениците од основните училишта да не носат маски

Комисијата предложи учениците од основните училишта да не носат маски

Македонија се наоѓа во зелена зона во однос на епидемиолошката состојба со коронавирусот во земјава, истакнаа денеска од Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок.

Од Комисијата истакнаа дека ваквата состојба дава простор малку да се попуштат мерките. Затоа донесена е одлуката децата да не носат заштитни маски на училиште.

-Учениците во основните училишта се ослободуваат од обврската да носат маски. Обврската за носење маски останува за наставниците и техничкиот персонал, истакнаа од Комисијата.

Појаснија дека доколку некои од родителите сметаат дека детето треба да носи маска, може тоа да го направи. Се предлага укинување на задолжителното носење.

Втората препорака се однесува на зголемување на капацитетот во затворени објекти, како опери, театри кина. Досега максималната исполнетост во овие објекти беше 50 проценти, а сега се зголемува на 75 отсто исполнетост.

Третиот предлог е укинување на сертификати во отворени угостителски објект.

-Да не се бараат сертификати во отворениот дел од угостителскиот објект, истакнаа од Комисијата.

Овие препораки од Комисијата ќе се најдат на седница на Главниот кризен штаб, а ако се прифатат таму, потоа за истите ќе се одлучува и на седница на Влада.

Начинот на изолација, истакнаа од Комисијата за заразни болести, останува ист засега.

Најнови вести