Министерството за здравство денеска информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 11 смртни случаи од коронавирус во Македонија.
Осум се од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).
Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.