среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Никогаш нема да прифатиме дека Бугарија во втората светска војна била ослободител, тие окупирале па потоа потпишале капитулација

Мицкоски: Никогаш нема да прифатиме дека Бугарија во втората светска војна била ослободител, тие окупирале па потоа потпишале капитулација

Во вечерашното издание на дебатната емисија “200” на ТВ Алсат гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на лошите владини политики, штетниот договор со соседна Бугарија, како и на матните зделки кои се дел од секојдневието на Зоран Заев.

Мицкоски истакна дека во ниеден случај не е возможно Македонија да признае дека Бугарија во втората светска војна била ослободител, поради тоа што фактите говорат нешто спротивно на тврдењата на бугарските политичари. Јасно е и за тоа постојат записи дека бугарската војска најпрво окупирала, а дури потоа потпишала капитулација, додаде Мицкоски.

Македонците биле Македонци и пред 1945 и во овој момент до ден денешен. Затоа, тезите на Захариева дека Македонците се измислени по 45-та година, буквално паѓаат во вода. За Македонија и македонската историја постојат историски записи и договори кои се заверени во Обединетите Нации, што не е нималку мала работа. Затоа, нека прости Република Бугарија, но ние тоа нема да го прифатиме никогаш, бидејќи не е реалност, додаде Мицкоски.

Република Бугарија покрај реалните проблеми за кои можеби може да се разговара, почнува да задира во работи кои се премногу сензитивни за секој човек, односно му го задираат личниот идентитет. ВМРО-ДПМНЕ на таквите напади секогаш ќе се спротивставува и нема да дозволи да продолжат понижувањата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржува преговори и договори со Бугарија, но за работи кои ги засегаат обете страни, а тоа се автопати, железници и се она што ќе потпомогне за напредок на земјите, заврши Мицкоски.

Најнови вести