четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 1.600 лица хоспитализирани во болниците во земјава

Над 1.600 лица хоспитализирани во болниците во земјава
илустрација

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 952 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти, информира Министерството за здравство.

На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 103 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 107 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 19 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 104 пациенти, во Кочани 25 во Кичево 35, Кавадарци 58, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1641 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Најнови вести