четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Облачно време со краткотраен дожд

Облачно време со краткотраен дожд

На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со краткотраен дожд претпладне на планинските делови на исток и на запад. На високите планини ќе провејува слаб снег.

Во посеверните делови ќе дува претежно умерен западен ветер, а во југозападните и јужните делови ветерот повремено ќе засилува. Попладне, облачноста ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје слично време со слаб дожд претпладне. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се достигне до 15 степени.

Пролетта на северната хемисфера почнува денеска во 17:15 часот, а истовремено на јужната полутопка ќе настапи есента.

Пролетта ќе трае до 21 јуни до 11:07 часот кога календарски ќе настапи летото.

Летното сметање на времето, пак, ќе почне меѓу 24 и 25 март кога часовниците ќе се поместат еден час понапред.

Најнови вести