Времето во наредните денови ќе да биде нестабилно облачно со краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ветерот повремено ќе се засилува, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура во Скопје утре ќе биде 7, а максималната до 24 степени.
Во сабота минималната темпратура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 18 до 24 степени. Во недела пак, минималната ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната од 18 до 23 степени