недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Откако ја втурна државата во бездна, Заев ја повикува опозицијата да превземе одговорност во Владата

Откако ја втурна државата во бездна, Заев ја повикува опозицијата да превземе одговорност во Владата

Откако Заев доживеа неуспех на сите полиња и државата ја доведе до праг на бездна преку политиките со кои државата многу жртвуваше, а ништо не доби, туку напротив има уназадување на секаков план, бара со опозицијата да ја сподели одговорноста за ваквата катастрофална состојба, но тешко дека со ваквиот трик ќе може да ги покрие сите корупциски скандали и историски најлоши резултати на секаков план кои го красат неговото владеење.

Премиерот во интервју за Слободен печат, три дена откако неговата влада доби каква таква доверба во Собранието ја отвори и можноста за формирање заедничка влада со опозицијата, но ваквата негова идеја изгледа дека е убид уште еднаш да ја спаси неговата политичка париера и покрај неуспешните политики во сите правци.

И покрај крупните ветувања кои ги даваше пред изборите, досегашното владеење на Зоран Заев во континуитет се соочува со најслаби историски резултати на поважните полиња.

Откако во 2017 СДСМ дојде на власт прво на што се фокусираше беа договорот со Грција и договорот со Бугарија за да се отвори патот ко ЕУ и НАТО, но овие договори освен штетата што му ја предизвикаа на државата не беше забележан некој посебен ефект и напредок како што се најавуваше од страна на Заев. Државата се зачлени во НАТО, но за тоа условите беа исполнети уште од 2008 и беше потребно само да се промени името, така да и тука не може да му се препише некоја заслуга на премиерот Заев, а од друга страна неговите уверувања дека со жртвата што ја направи државата се отвора патот кон ЕУ паднаа во вода кога и покрај договорот од Преспа и договорот за Добрососедство со Бугарија, земјата повторно се најде во во ќорсокак.

Во краткиот период во кој владее СДСМ беа забележани и бројни корупциски афери во кои главни протагонисти се блиски соработници на премиерот.

Една од главните беше аферата „Рекет“ во кој имаше индиции за вмешаност на преставници од власта, но и во завршните зборови од судењето, тогаш главниот осомничен Бојан Јовановски ги посочи премиерот Зоран Заев и неговиот брат како лица кај кои завршиле парите од рекетот.

Друг крупен скандал избувна и со поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев каде според ВМРО-ДПМНЕ и поранешната сопственичка на „Диамед“, Дончев заедно со министерот за здравство Венко Филипче се обидел да ја попречи продажбата на оваа компанија на странскиот инвеститор „Диаверум“ од Шведска, но овој случај заврши само со повлекување на Дончев од функцијата директор и не беше поднесена кривична пријава против.

Ваквите и слични афери кои беа бројни во досегашното владеење на СДСМ придонесоа во извештајот на „Транспаренси Интернешнл“ Македонија се најде на историски најлошото 111 место според индексот на корупција, а угледниот „Економист“ во ранг листата која ја објави за индексот на Демократија Македонија ја смести на поразителното 78-мо место класифицирајќи ја како хибриден режим.

Владата потфрли и со менаџирањето на кризата предизвикана од КОВИД-19 како од здравствен така и од економски аспект. Ова го покажуваат високите бројки на заразени и високата смртност од вирусот што не е случај со другите земји.

Поразителна беше и листата која пред некој ден ја објави агенцијата Блумберг за тоа која земја како напредува со процесот за вакцинација, а на таа листа само четири држави во светот се полоши од Македонија.

Најден во ваква безизлезна ситуација премиерот Зоран Заев сака повторно да се извлече од одговорност со понуда до опозицијата да влезе во влада, но по се изгледа дека овојпат нема да успее.

Најнови вести