сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пановски, Данаиловски и Марковски не ја прифаќаат понудата на Сали, тројцата се едногласни: Несериозно е да се покануваат експерти преку Фејсбук

Пановски, Данаиловски и Марковски не ја прифаќаат понудата на Сали, тројцата се едногласни: Несериозно е да се покануваат експерти преку Фејсбук

Денеска министерот за здравство, Беким Сали преку Фејсбук објава ги покани професорите Никола Пановски, Драган Данаиловски и Вело Марковски да станат дел од новиот состав на Комисијата за заразни болести.

Д-р Пановски во изјава за Фокус истакна дека нема никаков проблем да го советува првиот човек во здравството, но сепак начинот на кој е поканет не заслужува да се коментира.

– Не ме контактирале, а за поканава слушнав од ваши колеги!!! Совети давам секому, секако би го советувал и министерот, во комисија на овој начин секако не влегувам. Јавната покана за мене е беспредметна да се коментира. Тоа лидерите на СДСМ и ДПМНЕ може да се канат преку медиуми. Јас не сум на толку ниско ниво за да прифатам таков вид комуникација, вели доктор Пановски за „Фокус“.

Д-р Даниловски во изјава за Сител вели дека не сака да ја жртвува својата автономија. Не прифаќа да биде ниту дел од комисијата ниту советник на министерот бидејќи не функциониртаат автономно а нејзините одлуки не се извршни.

Д-р Марковски вели дека Комисијата е советодавна на министерот без суштинско влијание на било какви мерки.

– Јас рано во 2020 предложив комисија за Ковид-19 како владино тело чии одлуки ќе бидат задолжителни за сите, за жал тоа не беше прифатено. Од друга страна несериозно е да се покануваат експерти преку Фејсбук. Исто така мислам дека министерот со комплет кадровски и стручни решенија требаше да излезе при неговиот избор во парламентот вели во одговорот за Сител професорот Вело Марковски.

Најнови вести