Денеска се тестирани вкупно 12 лица. Од нив позитивни се 6 нови пациенти. Една пациентка која синоќа доцна стигнала од Барселона со летот на Визер, свесна дека нешто пред патувањето имала покачена температура, патувала со маска и ракавици, сама се јавила на пунктот на аеродромот, однесена е на клиника и изолирана е.
На сите други 51 патници од авионот даден им е налог за самоизолација.
Ова значи дека имаме вкупно 18 со коронавирус.
13 се на клиника, а 5 новодијагостицирани во Дебар, ќе останат да се лечат таму. Има епидемиолог и кадар да се грижат за пацинетите. Сите се во врска со групата од Дебар кои претходно се хоспитализирани, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Медицинскиот персонал кој беше тестиран во Дебар е негативен на коронавирус.