недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поразителна статистика: Секој 60-ти Македонец се заразил со коронавирус

Поразителна статистика: Секој 60-ти Македонец се заразил со коронавирус

Според последните официјални информации на ИЈЗ, Во последните 24 часа од направени 2449 тестирања, регистрирани се 865 нови случаи на Ковид-19, починале 10 лица, а оздравени се 359.

Заклучно со оваа последна статистика до сега вкупниот број на на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 32436 и доколку се направи пресметка на глава по жител, односно секој 60ти граганин од 2 милиони жители се разболел од корона вирус.

Инаку Македонија е и на врвот на починати лича од коронавирусот во глава на жител. Според денешните офиицијални бројки бројот на починати од Ковид-19 надмина 1000 лица, односно од смртоносниот вирус во Македонија до сега починаа 1004 лица.

Најнови вести