сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Повеќе од 50 држави ги откажаа изборите на речиси сите континенти, но Заев не се откажува и по цена на здравјето на граѓаните

Повеќе од 50 држави ги откажаа изборите на речиси сите континенти, но Заев не се откажува и по цена на здравјето на граѓаните

Лидерот на СДСМ Зоран Заев никако да се откаже од предвремените избори кои требаше да се одржат во април годинава иако речиси околу 50-тина земји во светот веќе ги откажаа своите избори поради пандемијата и заштита на нивните граѓани.

Тој и по цена на здравјето на граѓаните во време на пандемија бара брзи избори во јуни.

Инаку изборите речиси низ целиот свет се откажуваат, додека кај нас власта сака избори во време кога министерот за здравство Венко Филипче призна дека се влошува ситуацијата со кризата и бројката на ново заболени повторно започна да расте.

Според најновата официјална бројка избори се откажани на речиси сите континенти и во повеќе од 50 земји во светот.

Дел од откажаните избори се во Африка, Америка, Азија и Европа.

Откажани се и локалните избори во Австрија.

Избори откажаа и Чешката Република, Англија и Германија.

За потсетување првиот круг од локалните избори во Франција во март годинава предизвика рекордно ниско ниво на излезеност со што вториот круг беше одложен и се уште не е одржан.

На изборите излегоа 45,5 проценти од потенцијалните гласачи, наспроти 43,55 проценти од последните избори во 2014 година.

-Високата стапка на воздржаност е доказ дека граѓаните се плашат да излезат на гласање, неодамна изјави премиерот на Франција Едуард Филип.

И Полска ги откажа претседателските избори поради пандемијата со коронавирусот.

Истите требаше да бидат одржани во неделата, но беа одложени, а новиот датум ќе се дознае за две недели.

Инаку во регионот избори до овој момент беа одложени и во Црна Гора, Косово и Србија, вклучувајќи ја и Македонија.

Целата мапа на откажани избори без разлика дали станува збор за локални, парламентарни или пак претседателски можете да ја погледнете ТУКА.

 Министерот за здравство Венко Филипче призна дека бројот на заболени од коронавирус се зголеми

Министерот за здравство, Венко Филипче, во своето утринско обраќање во емисијата „ Утрински брифинг“ зборуваше за корона кризата со која се соочува државата и по подолг период призна дека бројот на пациенти заболени од овој вирус почнува да се зголемува.

„Имаме многу различни сценарија кои за многу кратко време ја сузбија епидемијата, за кратко време се намали бројот на пациенти, но сега повторно се враќаат,“ посочи Филипче.

Аналитичарите едногласни: Протоколот за одржување на изборите е направен под притисок на власта, избори пред септември не се можни

Комисијата за заразни болести експресно изработи Протокол за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето.

И покрај предупредувањето на многумина доктори, епидемиолози и здравствени работници Заев не се откажува од намерата да има избори во време на пандемија во целиот свет.

Комисијата за заразни болести предвидела покрај задолжителното носење на заштитни маски, држење на физичка дистанца, честата дезинфекција на рацете и проветрувањето на просториите.

Сепак доказ дека задолжителното носење на заштитните маски и олабавувањето на мерките од страна на Владата го загрозува здравјето на граѓаните е статистиката и порастот на ново заболени во изминативе неколку денови.

Универзитетскиот професор Тања Каракамишева Јовановска во изјава за КУРИР вели дека сите релевантни меѓународни организации се мошне внимателни кога станува збор за одржување избори во пандемиски услови само СДСМ сака да лови во матно, да ги занемари сите европски укажувања и да ја турка државата во уште поголема неизвесност и штетни последици по здравјето на луѓето.

– Власта има обврска да организира безбедни по здравјето на граѓаните, демократски, фер и кредибилни избори согласно почитувањето на европските стандарди. Оваа обврска е посебно силно нагласена сега кога Македонија чека официјализирање на датум за почеток на преговорите со ЕУ. Со оглед дека првото поглавје за кое што државата треба да преговара со Европската комисија е токму поглавјето за човековите права и владеењето на правото, посебно е потенцирана важноста од примена и почитување на сите европски стандарди во изборното право, а посебно мислењата и Кодексот на добри изборни практики на Венецијанската комисија. Но, за жал, може да се констатира дека СДСМ ги чита мислењата и правилата на Венецијанската комисија согласно нејзините тесно-партиски интереси. Еден ден мислењата и правилата на Венецијанската комисија ги издигнува на пиедестал и ги смета за најзначајни во развојот на демократските процеси и владеењето на правото во Македонија, за да веќе наредниот ден, кога не и одговараат ги чита како мислења што се однесуваат само за државите кои се предмет на анализа. Двојните стандарди и лицемерието на СДСМ кон почитувањето на европските стандарди се евидентни во секоја нивна партиска активност, вели Каракамишева.

Таа додава дека сите мислења на Венецијанската комисија се однесуваат на конкретни држави, на нивните уставни и законски решенија за одредени теми, но преку одделните мислења Комисијата создава европски стандарди, создава европска и демократска правна пракса што има вредност за сите држави.

-Оттука, лага е тврдењето на СДСМ дека позитивната оценка што Комисијата ја дала за одржување избори по 60 дена од престанокот на вонредната состојба се однесува само на Грузија, затоа што тоа го има предвидено во нивниот Устав, и дека тоа мислење не важи за другите земји. Тоа е политичка манипулација и партиски спин што го навредува угледот на Комисијата, а членот на Македонија што ја претставува земјата во Венецијанската комисија тоа мора добро да го знае.
Венецијанската комисија преку анализата на уставните и законските решенија на државите создава правни стандарди познати како soft law кои треба да се почитуваат од сите држави-членки на Советот на Европа. Не случајно компилацијата на мислењата за вонредната состојба за сите органи на Советот на Европа е основата врз која се градат 12-те бенчмаркови за државите, важни правила како треба да се организира државата во услови на вонредна состојба. Еден од тие бенчмаркови се и изборите и вонредната состојба. Од друга страна, деновиве и ОБСЕ излезе со официјален став дека избори во време на пандемија можат да ги загрозат меѓународните стандарди. Впрочем, токму под притисок на ОБСЕ, Полска ги одложи претседателските избори кои беа закажани да се одржат минатата недела, потенцира Каракамишева.

Таа додава дека сите релевантни меѓународни организации се мошне внимателни кога станува збор за одржување избори во пандемиски услови само СДСМ сака да лови во матно, да ги занемари сите европски укажувања и да ја турка државата во уште поголема неизвесност и штетни последици по здравјето на луѓето. Кога сме кај националните изборни правила ја прашуваме СДСМ дали со уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес спротивно на сите европски стандарди одлучи арбитрерно да создаде нови изборни правила што не се предвидени во Изборниот законик?  Дали со таквото арбитрерно однесување не ги повреди ставовите на Венецијанската комисија кои се на линија дека со уредбите донесени во вонредна состојба не смеат да се создаваат нови правила кои пред состојбата не биле предвидени во Уставот и во законите на државата? СДСМ мора да и одговори на јавноста зошто одлучи да го прекрши Изборниот законик и неовластено да се впушти во уредување на изборни правила што воопшто не постојат во Изборниот законик?  Зошто СДСМ не ги почитува Уставот и Изборниот законик и зошто свесно ја втурна владата да уредува прашања што не се во нејзина надлежност? Владата нема право со уредба со законска сила да запира, ниту да продолжува веќе започнати изборни дејствија, затоа што такви категории не се уредени во Изборниот законик, ниту во Уставот. СДСМ арбитрерно се наметна како главен фактор во создавање изборни правила што воопшто не постојат во нашето изборно законодавство.

-Од трета страна, конфузноста на власта може да се согледа и преку денешниот предлог за продолжување на вонредната состојба и продолжување на вонредните мерки за ограничување на правата на граѓаните. Значи владата ќе му предложи на претседателот на државата да ја продолжи вонредната состојба, а од друга страна, ја притиска ДИК да брза со спроведувањето на изборните дејствија таму каде што застанале? Во најлоша позиција е Комисијата за заразни болести која очигледно под силен притисок на власта прави посебни протоколи за организирање на изборниот процес и покрај тоа што таа ниту еднаш до сега не се изјаснила за здравствените стандарди на одржување избори во услови на пандемија. Комисијата делувајќи како продолжена рака на власта ќе ја има и најголемата одговорност за евентуалното нарушување на здравјето на луѓето по изборите. Власта комплетно ги дезориентира граѓаните, бидејќи ја продолжува вонредната состојба, што значи признава дека има потреба од рестриктивни ограничувања на човековите права затоа што вирусот се уште е во подем во земјата, но од друга страна, создава лажен привид дека наводно е се нормално во земјата и дека граѓаните се безбедни да излезат на избори. Во ваквата какофонија власта ем ќе може и натаму да носи уредби со законска сила за арбитрерно располагање со буџетот, и натаму да не задолжува, да креира квази-правен терен во уредувањето на состојбите, да не контролира во остварувањето на човековите права итн, а од друга страна, да ги користи граѓаните како топовско месо, да им раскажува бајки дека изборниот процес е безбеден, дека се создадени услови и упатства за безбедно гласање. Нека и објасни Комисијата за заразни болести на јавноста како предлага протокол за гласање без да го антиципира нагорниот тренд на ширење на вирусот? Во последната недела бројот на новозаразени граѓани со Ковид-19 не е симнат под 10%. Дали за нив овој податок не е алармантен и дали не чувствуваат одговорност што подлегнуваат на притисоците на власта да и покрај растот на епидемијата пишуваат некаков протокол за организирање на избори? Дури и да се спроведат сите безбедносни препораки на терен, во земјата нема основни предуслови за организирање брзи избори, нема изборна атмосфера, а најмалку од се има демократски амбиент на изборно соочување меѓу власта и опозицијата, подвлекува Каракамишева во изјавата за КУРИР.

Со исти став е и универзитетскиот професор Александар Даштевски кој во изјава за КУРИР вели дека протоколот на Комисијата за заразни болести е целосно исполитизиран и направен под притисок од страна на Зоран Заев.

-Сметам дека протоколот од Комисијата за заразни болести е целосно исполитизиран и направен под притисок на политичарот во заминување Зоран Заев. Имено, комисијата не само што не ги земала во предвид здравствените причини, дека пандемијата од коронавирусот уште се шири, а намалувањето на бројот на заболени најмнгу се должи на малиот број на тестирање. Таа воопшто не го зела во предвид фактот, дека границите се затворени и се додека не се отворат не може да се разговара за било какви активности. Пред се, Комисијата за заразни болести не може да носи вакви протоколи без соработка и мислење на ДИК, затоа што илјадници луѓе треба да патуваат во странство и да се враќаат. Како ќе го сторат тоа кога нашите граници се затворени, но и на повеќе европски држави, па и насекаде низ светот, вели Даштевски.

Тој додава дека како второ неколку илјади граѓани кои се вратија од странство, неможат се уште да се вратат во државите во кои работат и живеат, на овој начин се ускратува уставното право да се избира и да се биде избран, за што не е должна да расправа оваа комисија.

-Таа воопшто не го земала во предвид фактот дека треба во земјата да дојдат неколку стотици, набљудувачи, новинари итн. кои пред да започнат со активности треба да бидат ставени во карантин. Но комисијата не може да им го гарантира правото дека во средина на пандемијата тие ќе останат здрави. Така што се прави предвремен и непотребен ризик. Сето ова се прави под притисок на поранешниот премиер Зоран Заев да го ублажи извесниот пораз на изборите, поради продавање на виталните национални интереси, најлошата економска состојба од осамостојувањето па до денес и досега невидената огромна корупција која и покрај пандемијата секојдневно се случува во нашата држава, дали било тоа криминална набавка на респиратори од Венко Филипче, па до 50 мкв. трева на плоштад од 560.000 евра, насадена со посредство на Петре Шилегов.
Конечно, не е за подценување ни фактот дека за ажурирање на избирачките списоци, за кој ДИК се произнесе дека се потребни 40 дена и 20 дена за предисборна кампања. Во тој случај преурането е и апсурдно мислењето на Комисијата за зарзни болести, затоа што изборите би можеле да се оддржат најрано во средината на Јули. Тие треба да дадат ново мислење за здравствената состојба за 30 дена, а најидеално време за одржување на изборите е средината на септември, истакна Даштевски за КУРИР.

Деркоски за КУРИР: Нема да го потпишам избирачкиот список доколку се оди на избори 22 дена по завршување на вонредната состојба

Претседателот на државната изборна комисија Оливер Деркоски во интервју за КУРИР вели дека во овие два месеци апелирал до сите оние кои ќе донесат одлука за одржување на изборите да внимаваат како ги носат истите бидејќи нашата земја се наоѓа во пандемија.

-Јасно е дека моменталната ситуација во која се наоѓа државата носи нови предизвици и јасно е дека треба да се внимава на секој чекор. Доколку се организираат избори во вакви услови ќе треба да се организираат најверојатно многу повеќе човечки ресурси и многу заштитни средства, а сето тоа подразбира повеќе финансиски средства, вели Деркоски.

Тој додава дека ДИК доколку се донесе одлука ќе мора да ги спроведат изборите иако во оваа ситуација процесот ќе биде многу комплициран.

-Не е возможно да се одржат избори за 22 дена затоа што нема избирачки список, со кој избирачки список би оделе на избори? Толкувањето на уредбата која е предмет на некои политичари, експерти и слично вели дека не треба да се продолжи 22-от ден пред денот на изборите. Уредбата вели дека се запираат дејствијата кои што беа дотогаш, а во вториот став се вели дека на ДИК и се дава задача ден по вонредната состојба да изготви ревидиран роковник, тоа значи дека ДИК ќе мора да ги предвиди овие рокови за избирачкиот список повикувајќи за на изборниот законик. Во тој роковник ние ќе ги предвидиме сите рокови кои се потребни за да се направат легални и легитимни избори, вели Деркоски.

Тој додава дека доколку има таква хипотетичка ситуација тој како претседател на ДИК нема да го потпише тој избирачки список и се надева дека истото би го направиле и дел од колегите.

-Тогаш би паднале во една поинаква криза и поинаква ситуација која ќе предизвика друга ситуација, затоа што јас не сакам да носам одговорност за нелегитимен процес и не може да ме натераат на тоа. Треба да се почитуваат законските прописи во државата, вели тој во интервјуто за КУРИР.

Најнови вести