Министерството за здравство информира дека за една недела во земјава се пријавени 127 смртни случаи од 22 града, зголемување од 41,1% во однос на минатата недела.
Податоците се однесуваат за периодот од 2 до 8 ноември.
-Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50 до 59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, 4 случаи во возрасната група од 30 до 39 години и 1 случај на возраст 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 120 или 94%, информираат од Министерството.