Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник денес еднаш со интервенција пред говорницата на претседателот на Собранието Тачат Џафери го одложи гласањето на законот за двојазичност.
Груевски излезе пред Џафери и се обиде да го спречи во донесувањето на законот, кое според експертите, професорите и опозицијата е неуставен.
Погледнете го видеото, од собраниските превирања во кои реакцијата на Груевски беше акт на одбраната на Уставот и демократијата.
По кратката пауза, уследи повторно вклучување во Собранието, по што Џафери само кажа дека законот е изгласан. На тоа реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои повторно излегоа пред Џафери во обид да го спречат. Џафери ја затвори седница со изговор дека законот е изгласан со 64 гласа.