понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Состанок на Комисијата за заразни болести, можни се нови порестриктивни мерки

Состанок на Комисијата за заразни болести, можни се нови порестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи редовен состанок. На овој состанок ќе се дискутира за актуелната состојба со коронавирусот.

Од Министерството за здравство велат дека е можно да се предложат, нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува, велат од Министерството.

Министерот за здравство пред неколку дена потврди дека Македонија се наоѓа во трет, силен бран на коронавирусот.

Веќе неколку дена во земјата се регистрирани по над 1.000 новозаболени од Ковид-19. Зголемен е и бројот на починати лица. Деновиве регистрирани беа починати лица на возраст од 23 ,24, 35 и 38 години како најмлади жртви на вирусот.

Најнови вести