среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТРАГЕДИЈА НА ГАК: Од коронавирус почина 29-годишна трудница, бебето е во инкубатор

ТРАГЕДИЈА НА ГАК: Од коронавирус почина 29-годишна трудница, бебето е во инкубатор

Лекарите од Клиниката за гинекологија и акушерсво во Скопје не успеаја да го спасат животот на млада жена, која ја породиле во седмиот месец од бременоста со царски рез. Бебето е сместено во инкубатор, а родилката пред десетина дена поради симптоми на ковид-19 побарала помош во инфективното одделение на кумановската болница, објавија кумановски портали.

Таа е една од трите починати пациенти од ковид од Куманово. Додека се лекувала од ковид, жената на возраст од 29 години еден ден доаѓала во дневната болница и еден ден лежела на одделението, па откако почнала да и се влошува состојбата била пратена на Инфективната клиника во Скопје, пренесе Слободен печат.

Жената немала коморбидитети, а се заразила со ковид-19 на свадба.

Во Куманово од ковид починаа уште 2 жени на возраст од 49 и 74 години. Постарата пациентка починала во Кумановската болница, а помладата во Скопје.

Најнови вести