недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Тргни-застани вакцинација, алчноста и неспособноста на Заев и Филипче ја направија Македонија да проси за вакцини и да губи илјадници животи

Тргни-застани вакцинација, алчноста и неспособноста на Заев и Филипче ја направија Македонија да проси за вакцини и да губи илјадници животи

Македонија од сам почеток има тргни-застани вакцинација. Ништо од најавите на премиерот Зоран Заев и министерот заздравство Венко Филипче дека земјава ќе добие 2,6 милиони вакцини дека нема да има застој во вакцинирањето.

Реалноста е дека постојано има застој. Во моментов Македонија е останата без вакцини, Вчера министерот Филипче за медиумите соопшти дека се преостанати само 5.000 вакцини за прва доза, несметајќи ги тие кои се чуваат за ревакцина. Додека надеж Филипче бара во донации од Грција и Бугарија.

– Оваа недела треба да дојдат 70.000 вакцини, 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција, најверојатно АстраЗенека, бидејќи се уште немаме потврда за типот на вакцините. И тоа што редовно доаѓа секој понеделник од Фајзер и секако големата количина од Кина, од каде се уште немаме потврда кога ќе стигнат, но најавата беше на почетокот на јуни, изјави министерот Венко Филипче.

Изјавата на Филипче всушност е признание дека власта потфрли со набавката на вакцини, колку и тоа да не сака д го признае. Вакцините по околу 10.000 кои пристингуваат од Фајзер не се доволни ни за еден ден, а камо ли за една недела, а нема датуми кога би пристигнале Синовак, но и руските Спутник В, кои ги чекаме повеќе од месец дена.

Исто така надежта дека Грција и Бугарија ќе помогнат, и не е за верување. Всушност тоа го најавуваат од декември. Па ние ги чекаме 5.000 вакцини донација од Бугарија кои ги ветија во декември, нешто слична количина од Грција од истиот период. Тогаш зошто да веруваме дека од овие две држави ќе добиеме 70.000 вакцини, ако повеќе од 5 месеци не ни донирале ни првично ветените по 5.000 вакцини.

И како што започна власта, така и продолжува, со просење за вакцини. Просат каде стигнат, а кога имаа можност да купат како сите нормални држави, тие се надеваа дека некој ќе помогне. Но, изгледа само на Заев и Филипче не име јасно дека е пандемија и сите прво гледаат да им помогнат на своите, а потоа ако остане нешто за другите.

Затоа сега наместо да се вакцинираме, ние чекаме. Во ситуација кога земјите кон кои се стремиме во Европа ќе стигнат можеби и до половина вакцинирано население, ние просиме. Додека пак со Србија не можеме ни да се споредуваме, тие не само што се на врвот, туку донираат и на земји членки на ЕУ, па така вчера на Чешка и донираа над 100.000 вакцини.

Нивната успешност се должи на тоа што во првите преговараа апсолутно со сите производители, додека Заев и Филипче тераа политика дека припаѓале на запад, потоа гледаа провизии и на крај испаднавме да бидеме последни кои започнаа со вакцинација, која е турни-застани.

Утката е голема, загубени се голем број на животи, а можеби и илјадници ќе беа спасени. Но, поради политичките игри и алчноста на власта, Македонија губи животи и којзнае уште колку ќе се загубат.

Најнови вести