Дека обвинетиот Фејзи Азири, за маскарот на Смилковското езеро каде 5 лица беа свирепо убени, разговарал телефонски со потпретседателот на ДУИ Невзат Бејта, потврди и премиерот Зоран Заев. Но, уверуваше дека Азири и Бејта зборувале за субвенции за земјоделство и тој разговор, како што велеше Заев, им го покажал и на родителите на убиените момчиња кај Смилковското Езеро.
-„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не го довршив тој никаквец“. Ова е транскрипт од разговор кој го прочита мајката на убиениот Александар.
Од тука, јавноста прашува, дали според Зоран Заев вака изгледа разговор за субвенции на вмешаните во Монструм?
Горан Наќевски, татко на Александар кој заедно со уште четворица пред шест години беше убиен кај Смилковското езеро, на последното рочиште за случајот Монструм се обрати пред судот.
И тој, како и претходно неговата сопруга побара од судот јавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот Монструм.
-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината.
Неговата сопруга и мајка на убиениот Александар тогаш прочита транскрипт од разговор кој гласи вака: „Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не го довршив тој никаквец“.
Јавноста бара премиерот Заев да не си поигрува со трагичната судбина на семејствата на свирепоубиените кај Смилковското езеро и да не се манипулира со овој настан кој ја потресе цела Македонија.