Комисијата за заразни болести ќе препорача до Владата нов пакет на рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари.
Препораката до Владата ќе биде угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.
Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка. Во претстојниот период Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците.
Комисијата ќе достави и препорака за забрана за групирање во станови за престојните празници, а ќе им препорача и хотелите да ги затворат своите ресторани по 21 часот.
Предлог на Комисијата е да се забранат секакви прослави во рамките на работните организации.
– Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за престојните празници и да не се излегува од дома по 18 часот доколку за тоа нема потреба, вели министерот Филипче.
Препораките ќе бидаат доставени до Владата во текот на денешниот ден со препорака да стапат на сила од 18 декемви и да важат до 21 јануари.
Целиот пакет мерки може да го прочитате ТУКА.