сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утрово најстудено во Берово, измерени -3 степени

Утрово најстудено во Берово, измерени -3 степени

Најниска темепратура од минус три степени утрово е измерена во Берово, соопшти Управата за хидро-метеоролошки работи.

Следат Струмица, К.Паланка, Крушево со 2 степени Целзиусови, 4 Скопје Петровец, Штип, Д.Капија, 5 Охрид, Битола, Дебар, 6 Скопје Зајчев Рид, Претор, 7 Прилеп, Куманово, 8 Тетово, Гевгелија и Дојран со 10 степени Целзиусови.

Рано утрово понекаде во западните делови, како и во Демиркаписко имаше зголемена ниска облачност. Во моментов преовладува сончево време.

Сончево време со мала до умерена облачност ќе се задржи и во текот на целиот ден. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје слично време и температура до 17 степени.

Најнови вести