Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по однос на полицискиот час и најавите за негово евентуално зголемување. Петрушевска ги прашува властите дали се малку емпатични кон сопствениот народ и јасно им порака веднаш да набават вакцини бидејќи од данокот на народот земаат плати.
-Читам пак сакате хард кор да не затварате! Да ви кажам на вас грижливци за нашето здравје, отворивте кладилници,коцкарници,кафичи …затворивте театар после точно година дена утре ќе излезам на сцена(едвај чекам и за два дена се распродаде)!Цела една година не сум седнала на кафе, не сум си видела другари и другарки, родители на пауза, чувам дете кое за време на корона не смее да е затворено, а јас читам вакциниве 2028 ќе дојдат. Постојано сум со маска и почитувам дистанца. Па дали сте вие барем малку емпатични кон сопствениот народ. Направи грешка стави полициски, нема вакцини бапни локдаун. Не полудевте скроуз! Да си набавите вакцини одма. Тоа ви е работа од наш данок земате плати. Имате обврска да работите за народот, а не со дефокус не пукнавте. Никој не зборува за менталните последици од оваа состојба, ќе нема да знаете кај ви е газот. Баш ме нервирате искрено, напиша Петрушевска.