среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата одлучи фитнес центрите и вежбалните да останат затворени и понатаму

Владата одлучи фитнес центрите и вежбалните да останат затворени и понатаму
илустрација

Владата на денешната седница ги прифати одлуките за скратување на полицискиот час и истиот од утре ќе почнува во 21 часот до 05 часот, додека за празниците Велигден и Рамазан Бајрам, нема ограничувања на движењето.

Исто така од утре се отвораат летните тераси на угостителските објекти.

Покрај другите мерки, Владата одлучи фитнес центрите и вежбалните да останат и натаму затворени.

Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол, се вели во соопштението од Владата.

Најнови вести