вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Албанија два пати помалку починати на милион жители од кај нас

Во Албанија два пати помалку починати на милион жители од кај нас

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани рекордни 40 починати од Ковид-19, што претставува најголема бројка од појавувањето на болеста. Со овие 40 вкупната бројка на починати од коронавирусот во

Македонија се искачи на 1345, додека бројот на заразени достигна до 47 636.

Овие бројки покажуваат дека ние сме лидери по број на смртни случаи во регионот но и пошироко. Ако ги споредиме бројките со соседна Албанија, кај нас има повеќе од дупло починати па и заразени ако сакате.

Албанија од почетокот на пандемијата брои 631 жртви и 28 432 заразени. Додека пак ако направиме споредба на бројот на починати на милион жители стапката на смртност во Албанија е скоро два пати помала од кај нас.


Меѓутоа, иако имаме секој ден се повеќе жртви, најава за нови рестрикции нема. Колку за потсетување владата на соседна Албанија од минатиот понеделник воведе повторно полициски час од 22:00 до 06:00.

Надлежните кај нас остануваат на истите мерки, и испраќаат само апел за нивно доследно и целосно почитување.

Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок донесе одлука да нема дополнителни рестриктивни мерки. Остануваат во сила истите мерки – забрана за работата на угостителски објекти после 21 часот, групирање на не повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.

И додека Македонија секој ден брои се повеќе жртви, синоќа на телевизиско интервју министерот за Здравство Венко Филипче изваји дека сме имале стабилни бројки.

-Засега имаме стабилни бројки и според епидемиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни. Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио, рече министерот Филипче.

Според министерот, состојбата со Ковид-19 е сериозна, и целиот задравствен персонал вложува надчовечки напор да го одржи системот и да ги згрижи сите пациенти. Појасни дека ни претстои период во кој треба да останеме смирени и да го дадеме максимумот и како лекари и како институции.

Најнови вести