сабота, 30. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале 14.282 граѓани

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале 14.282 граѓани
МИА

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 440.213 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 245.413 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.255 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.282 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани се 139.053 граѓани.

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Најнови вести