Се зголемува бројот на починати лица во Македонија од коронавирус. Од почеток на месецов до вчера, за пет дена, во земјава се регистрирани вкупно 90 смртни случаи од Ковид-19.
Најголем број смртни случаи се регистрирани во вторникот (24), а висока стапка на смртност се бележи и во понеделникот и средата кога пријавени се над 20 починати лица.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 26.10 до 1.11, пријавени се 88 смртни случаи од 21 град, што е зголемување од 4,8% во однос на неделата пред таа.
Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по еден во возрасните групи од 30-39 години и 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 81 или 92%.