понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За СДСМ 24-ти декември беше црн ден, а потегот кој Груевски го превзема за одбрана на Уставот сега го нарекоа недемократски чекор

За СДСМ 24-ти декември беше црн ден, а потегот кој Груевски го превзема за одбрана на Уставот сега го нарекоа недемократски чекор

Двојните аршини на СДСМ излегуват како манипулација пред очите на јавноста. За партијата чиј лидер е Зоран Заев, вчерашниот потег на Никола Груевски е недемократски чекор.

Екс-премиерот, а сега пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, вчера  му се спротивстави на Талат Џафери при носењето на неуставниот закон за јазици.

-Немојте на сила, немојте на сила, не е добро на сила, застана Груевски во одбрана на демократијата.

Она што вчера Груевски во Собранието го направи е обид да се спречи најгрубо кршење на македонскиот устав. За СДСМ, очигледно е недемократски да се застане во силна одбрана на демократијата.

Вчера во македонското Собрание беше црн ден за македонската демократија. На груб начин, буквално исмевајќи се со закон и деловник, вчера пратениците на СДСМ и ДУИ го изгласаа законот за јазици со кој Македонија станува двојазична земја.

Гласањето на овој закон беше челниот услов кој албанските партии му го поставија на Заев за со него да направат Влада. Поради фактот што Заев ги загуби предвремените парламентарни избори, тој освен на овој начин, никако не беше во можност да се дограби до власта која толку ја посакуваше.

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, предупредуваше дека ќе се случи ова, па кога пред негови очи се одвиваше недемократски чекор, тој одлучи да реагира.

За СДСМ 24-ти декември 2012-та беше црн, а 14-ти март  2018-та “бел“ ден

На 24-ти декември 2012-та година, СДСМ на чело со Црвенковски и Заев направија обид за насилно превземање на власта.

Од целата, тогаш опозициска, пратеничка група на СДСМ, беше грубо нападнат тогашниот прв човек на Собранието, Трајко Вељановски.

Додека во собраниската сала пратениците на СДСМ манифестираа сила, пред Законодавниот дом Црвенковски и Заев ги пробиваа кордоните и сакаа да ги истуркаат полициските службеници, па насилно да го превземат македонското Собрание.

Од разгневената толпа социјалдемократи, Вељановски едвај беше извлечен од личното обезбедување. Тие ја окупираа собраниската говорница, својствено за нив, без тронка почит кон македонските закони, деловниците и пред се-Уставот.

Ваквиот ден, кога нивните пратеници се однесуваа како насилници, а партиските челници манифестираа сила пред Собрание, за СДСМ е демократија.

Најнови вести