вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заевиот „Аватар“ над законите: Власта не може да се справи со едно кафуле, како би се справила со коронавирусот?

Заевиот „Аватар“ над законите: Власта не може да се справи со едно кафуле, како би се справила со коронавирусот?

Власта и надлежните институции потфрлија со случајот „Аватар“. Дискотеката односно, по ново, кафе бар „Аватар“ и по реакциите на граѓаните не се затвори. Секоја вечер се прават забави спротивни по прописите на Комисија за заразни болести.

Кој стои зад „Аватар“? Зошто институциите не реагираат туку молчат?

Прашање кои граѓаните секојдневно ги поставуваат по социјалните мрежи. Дури и пред неколку дена со соопштение за овој случај излезе опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ каде што посочи дека струмичкиот локал „Аватар“, кој Пазарната инспекција го затвори на 21 јули годинава, два пати ја изигрува државата затоа што, како што велат клубот е близок до семејството Заеви.

„Аватар“ повторно е отворен и во објектот на големо се прават забави. На Фејсбук се споделуваат видеа од забавите кои се организираат таму. Пред два дена имаше и видеа од нови забави.

„Аватар“ во Струмица е над законите, не престанува со работа. На четврти септември имаше и нова забава и нови главоболки со корона. Затоа што Заеви и Радиша Бојовиќ се забавуваа токму тука.

Имено „Аватар“, кој беше затворен во јули на еден месец, а потоа се пререгистрирал во Централниот регистар како кафе бар, а по објави на социјални мрежи дека таму се одржуваат забави, инспектори на Пазарниот инспекторат извршиле контрола минатиот петок, но не констатирале неправилности.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски за МИА потврди дека „Аватар“ кон крајот на минатиот месец  бил пререгистриран во кафе бар.

-Испративме екипа минатиот петок таму за да провериме. Инспекторите направиле записник и констатирале дека се почитуваат протоколите, односно имале се што е потребно за кафе бар. Инспекторите беа таму до 01:10 часот, а објектот бил затворен во 01:00 часот по полноќ до кога е дозволено да работи. Наредната вечер наши екипи беа во контрола во други градови за каде имавме сознанија дека ќе има забави. Но, добивме информација дека во Струмица има проблеми и се обративме на полицијата да интервенира. Кога стигнале нашите инспектори полицијата веќе напишала кривична пријава. Доколку понатаму констатираме неправилности ќе реагираме и ќе пратиме информација до Владата за да преземеме и поригорозни мерки, изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат.

Од менаџментот на „Аватар“ велат дека работат како кафе бар и ги почитуваат законските прописи и протоколи.

„Работиме според закон и ги почитуваме протоколите“, кусо изјавија од „Аватар“.

Првпат кога излегоа фотографиите од првите забави на „Аватар“ реагираше и самиот министер за здравство Венко Филипче.

„Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин. Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себеси и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано“, напиша Филипче на својот фејсбук профил.

„Дента кога во Македонија броевме 241 новозаразени од коронавирус и 8 мртви дискотеки во Струмица во сопственост на другарите на Заев се преполни со народ. Без маски, без дистанца, без никаква заштита“, реагираше тогаш ВМРО-ДПМНЕ.

Изгледа дека законите во државата не важат за сите, луѓето кои што се блиски до Зоран Заев или пак до власта можат да прават што сакаат без да одговараат пред истите закони. Ова е уште еден доказ дека владата и самиот министер за здравство докажаа дека не можат да се справат со едно кафуле, а не пак и со коронавирусот.

На почетокот од епидемијата министерот Филипче тврдеше дека бројот на заразени од овој вирус ќе достигне до околу 2.000 граѓани, но сепак ние денес имаме бројка од 14.998, а починати 614. Ова е доволен показател за неспособноста на оваа влада да се справи со епидемијата, но и со оние кои што ги кршат прописите и законите.

Најнови вести