сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Во Кина за последните 24 часа еден заразен од Ковид-19

Во Кина за последните 24 часа еден заразен од Ковид-19

Кина пријави еден нов случај на заразен со вирусот Ковид-19, лице кое доаѓа од странство, соопшти Националната здравствена комисија.

Во текот на вчерашниот ден не се регистрирани смртни случаи.

Кина, исто така, за 4 мај пријави 15 нови асимптоматски случаи, што е за два повеќе од претходниот ден.

Бројот заразени во Кина достигна 82.881, а починати се 4.633 лица.